Либанските власти денеска соопштија дека меѓу загинатите во израелскиот напад е и градоначалникот на либанскиот град Набатие.
„Градоначалникот на Набатиех, Ахмад Калил, беше меѓу убиените во средата во израелските напади врз општината на овој јужен либански град каде Хезболах има влијание“, соопштија властите, објави лондонски Гардијан, цитирајќи либански медиуми.
Гувернерот на провинцијата Набатиех, Ховаида Турк изјави дека „градоначалникот бил маченик во израелскиот масакр“ во општинската зграда.