Пеер Штајнбрук поднесе оставка од сите функции во германската СДП

Од:

Пеер Штајнбрук поднесе оставка од сите функции во германската Социјалдемократска партија, јави ДПА повикувајќи се на извори во таа партија во Берлин.

Штајнбрук беше кандидат за канцелар на неодамнешните парламентарни избори во Германија.

Тој најави повлекување од политичките функции на конференција на партијата која почна денеска.

– Мојата кариера се приближува кон логичен крај, нагласи тој пред сопартијците.

Штајнбрук (66) исклучи можност да има министерска функција во коалициската Влада на канцеларот Ангела Меркел. Раководството на партијата бара од партиските функционери да излезат со решение за почнување преговори за состав на коалиција со Меркел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија