СДСМ: Секој ден се палат коли во Скопје, неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста

Од:

Дури 7 возила изгореа во Скопје само за два дена. Четири возила изгореа вчера во Чаир за една вечер и две возила во Аеродром еден ден пред тоа.

Неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста на граѓаните која што е алармантно влошена.

Во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили и на инспектори, началници, полицајци. Беше запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема.

Пречесто има пукања и криминални пресметки, досега има дваесетина убиства и обиди за убиства.

Откако Тошковски и ДПМНЕ се на чело на МВР улиците станаа Див запад. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи, реагираат преку соопштение од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

ВИДЕО: СДСМ се повлече од Комисијата за финасирање, ќе поднесе кривична за Гаши

Катерина Ѓуровски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат