И покрај забраната да се одржи Парадата на гордоста, околу 200 припадници на ЛГБТ заедницата вчера вечер се собраа на улицата „Кнез Милош“, пред зградата на Владата на Србија.
„Нема да се тргнеме, затоа што ние не сме тие кои треба да се тргнат од улиците, ниту да бидат изолирани. Ова е првиот чекор кон тоа за неколку години да славиме, а не да се криеме“, изјави Маја Мичиќ, член на одборот кој го организираше настанот.
Учесниците носеа транспаренти на кои пишуваше „Ова е Прајд, ова е Србија“, „Победа, Победа“, Да живее љубовта“.
[nggallery id=229]
Собирот помина без инциденти.