Утринава во 02.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Н. од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека од пожарот биле зафатени и две други возила, „опел “ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Р. од Скопје и возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Скопје.
„Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за против пожарна Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид на местото“, информира полицијата.