ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Од:

Беспилотни летала на Вооружените сили на Украина во текот на ноќта нападнаа складиште за нафта во Ровенки во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР).

Според локалните власти, една цистерна со гориво се запалила, а во нападот со дрон нема жртви, пренесува РИА Новости.

Генералштабот на вооружените сили на Украина потврди дека украинската армија погодила складиште за гориво во близина на градот Ровенки во „привремено окупираната територија на регионот Луганск“, пренесува украински Интерфакс.

„Во оваа база се складирани нафта и нафтени деривати, кои меѓу другото и се доставуваат на руската армија“, соопштија од Генералштабот.

Нападот го извршија силите на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина во соработка со другите компоненти на одбранбените сили.

Претходно, на социјалните мрежи се појавија видео снимки на кои се гледа како запален магацин за нафта, по напад со дрон, а потоа сателитски снимки потврдија пожар во реонот на складиште за нафта во Ровенки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната