Русите: Ја презедовме контролата

Од:

Руските вооружени сили известија дека презеле контрола врз две населени места во областа Курск, Ново Сорокино и Покровск, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Единиците на групата „Север“ продолжија со офанзивните операции при што ги ослободија населените места Ново Сорокино и Покровск“, се вели во соопштението на Министерството.

Покрај тоа, борците на групата Север поразиле формации од десет бригади на вооружените сили на Украина кај Дарин, Љубимовка, Нови Пат и Плехово.

Одбиле и два напади на украинските сили во правец на населбите Љубимовка и Плехово.

„Загубите на вооружените сили на Украина дневно на правецот Курск изнесуваа повеќе од 100 војници. Вкупно, за време на борбите, непријателот загуби повеќе од 21.300 илјади луѓе“, се наведува во соопштението на руското Министерство.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна