ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Од:

Израелската војска синоќа изврши воздушен напад врз станбена зграда во близина на иранската амбасада во Дамаск, при што загинаа седум цивили, вклучувајќи жени и деца, пренесоа сириските мдиуми. Од Израел засега нема коментар за нападот. Државната сириска медиумска агенција објави дека три ракети биле лансирани од Голанската висорамннина.

Според „Њујорк тајмс“, цел на нападот бил член на Хезболах, обвинет за шверц со оружје. Сириската државна новинска агенција САНА извести дека Израел лансирал три ракети врз станбена и комерцијална зграда во областа Мезе, каде се сместени голем број амбасади и безбедносни институции.

Не е потврдено дали членот на Хезболах е меѓу загинатите, а иранската амбасада соопшти дека нема загинати или ранети ирански државјани. Нападот доаѓа во време на зголемени тензии и израелски активности во регионот, вклучувајќи и бомбардирање на предградијата на Бејрут, каде што доминира милитантната група Хезболах.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија