Момчето убиец ја обвини мајка си за масакрот: „Таа ме тераше да бидам најдобар, се лутеше кога не бев“

Од:

Момчето убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ на судењето на Милјана и Владимир Кецмановиќ за обвинението дека му го направиле достапно оружјето, дојде во црна кошула со пруги, со очила на главата, дознава „Блиц“.

Како што пишува „Блиц“, тој на рочиштето посочил дека масакрот го извршил поради неговата мајка Милјана Кецмановиќ, која инсистирала тој да биде најдобар од сите.

Како што дознава „Блиц“, при влегувањето во судницата не ги погледнал родителите, а кога му се обратила мајката на Андрија Чикиќ, која му поставувала прашања, наеднаш му се слошило, па морал да седне.

Момчето-убиец кое на 3 мај минатата година го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска, како што потврди „Блиц“, за масакрот ја обвини неговата мајка Милјана Кецмановиќ.

“Мајка ми постојано бараше да бидам најдобар. Се лутеше и викаше кога не бев најдобар. Бидејќи постојано бараше повеќе од мене, јас бев лут на неа. Нејзиното однесување влијаеше на мене да го направам тоа што го направив. Ако ги немав пиштолите на татко ми, немаше да го сторам ова“.

Ова, според неофицијални информации, денеска го изјавиле пред Специјалниот суд во Белград, за време на сведочењето во судската постапка против неговите родители Владимир и Милјана Кецмановиќ, малолетниот убиец од ОУ „Владислав Рибникар“.

Момчето-убиец кое на 3 мај минатата година го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ се најде лице в лице со семејствата на своите жртви, но и со своите родители со кои оттогаш му беше забрането да комуницира.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Странски служби го бараа убиецот од „Рибникар“

Горан Наумовски

Петров: Над 8000 пријави за испити, зад протестите во Србија стојат „Проглас“ и „Цеприс“

Му рекол на синот дека е психопат, а го носел на стрелиште – детално образложение за пресудата против семејството Кецмановиќ

А1он

Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор

А1он

Пресуда за родителите на момчето убиец од Србија – се бара максимална казна

А1он

Закана: Без нова источна интерконекција нема ниту Јужна интерконекција во Босна

Предраг Петровиќ