Фудбалскиот селектор на Македонија, Чедомир Јаневски е нов тренер на белгискиот прволигаш Монс, во моментов последен на табелата.
Јаневски потпишал договор само до крајот на оваа сезона, доаѓа на местото на Енцо Шифо.
Во ФФМ не знаат ништо за оваа одлука на селекторот, му понудиле нов договор и преговорите сеуште траат.
Од Монс тврдат дека Јаневски го раскинал договорот со ФФМ, пренесе Телма.