СДСМ: Мора да има одговорност за починатото бебе на Детската клиника

Од:

Со голема загриженост ги следиме информациите за трагичната смрт на 14 месечното новороденче на Клиниката за детски болести и она што се случува. Министерството за здравство и сите надлежни институции итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се утврдат причините за овој трагичен настан за кој мора да има одговорност велат од СДСМ.

– Потврдените информации дека бебето било одбиено да биде хоспитализирано се крајно загрижувачки. Ова е втор трагичен случај за една недела во здравствените установи. СДСМ бара подлабока анализа и целосна транспарентност во процесот на утврдување на одговорноста.
Јавноста заслужува да знае каде се направени пропустите. Во изминатите 7 години, со вистинска грижа и соодветни мерки СДСМ успеа да ја намали неколкукратно смртноста кај новороденчињата. Во 2016 година смртноста била високи 25 отсто, во 2021 е намалена на 8,9 отсто а во 2023 година околу 5%. Бројките постепено опаѓаат низ годините што укажува на унапредување на здравствената заштита на мајките и новороденчињата. Неонаталната смртност СДСМ ја намали за 5 пати, во 2015 година изнесувала 6.8%о а во 2022 година е намалена на само 1,4%о. Во 2015 година во времето на ДПМНЕ перинаталната смртност изнесувала 12.8%о а во 2022 година е намалена на 6.9%о, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Таравари потврди дека бебето кое почина било одбиено за хоспитализација на Детската клиника

Тошковски: Лажно и манипулативно е тврдењето на СДСМ дека за време на моето раководење со МВР е расчистен само еден случај

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски