Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Од:

На светските пазари, цената на нафтата скокна за повеќе од 8 отсто минатата недела, бидејќи трговците стравуваат дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика прекини во снабдувањето од регионот богат со нафта.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 8,5 отсто, на 78,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 9,1 отсто, на 74,38 долари.

Најголемиот неделен скок на цените во повеќе од една година главно се должи на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, откако Иран во вторникот истрела низа ракети врз Израел како одмазда за израелската офанзива против сојузниците на Техеран Хезболах во Либан.

Израел најави дека ќе му одговори на Иран, додека Вашингтон го поддржа Израел во тоа. Сепак, американскиот претседател Џо Бајден рече дека не поддржува напад врз иранските нуклеарни локации како можен одговор.

Затоа пазарот шпекулираше дека Израел може да ги нападне иранските рафинерии или главниот извозен терминал на островот Харг со цел да ги намали приходите на Техеран од извозот на деривати.

Доколку Израел го нападне, Иран најверојатно ќе возврати со напади врз израелските енергетски и гасни постројки, објави во петокот иранската новинска агенција СНН.

Истиот ден, американскиот претседател Бајден рече дека ако тој е на местото на Израелците, ќе разгледа алтернативи за таргетирање на нафтените постројки.

Иран е членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и произведува околу 3,2 милиони барели дневно, што одговара на околу три отсто од глобалното производство.

Би можело да ве интересира

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Една година по нападот на 7 октомври: илјадници мртви, милиони раселени, Блискиот исток е пред општа војна

ВИДЕО: Хезболах ја проби одбраната на Израел, ракети ја погодија Хаифа

ВИДЕО: Големи експлозии во Бејрут, Израел се посилно го напаѓа градот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Откажани се летовите од аеродромите во Иран

Катерина Ѓуровски