ВИДЕО: Хезболах ја проби одбраната на Израел, ракети ја погодија Хаифа

Од:

Ракетите на Хезболах го погодија Хаифа, третиот по големина град во Израел, соопшти израелската полиција, а израелските медиуми објавија дека 10 лица се повредени на северот на земјата. Хезболах соопшти дека целел на воена база јужно од Хаифа со проектил Фади 1 Медиумските извештаи велат дека две ракети паднале во Хаифа на брегот на Средоземното Море, а пет паднале во Тиберија, на 65 километри.

Полицијата соопшти дека се оштетени некои згради и имоти, а има неколку пријави за полесни повреди и дека луѓето се пренесени во блиската болница. Израелската војска соопшти дека воени авиони погодиле цели на разузнавачкиот штаб на Хезболах во Бејрут, вклучително и средства за собирање разузнавачки информации, командни центри и дополнителни инфраструктурни локации.

Во текот на изминатите неколку часа, воздушни напади ги погодија магацините за оружје на Хезболах во регионот на Бејрут, соопшти војската, истакнувајќи дека по нападите биле идентификувани секундарни експлозии, што укажува на присуство на оружје.

Воздушните напади, исто така, погодија цели на Хезболах во јужен Либан и во областа Бека, вклучувајќи складишта за оружје, инфраструктурни локации, команден центар, соопшти војската. Таа го обвини Хезболах дека намерно ги става своите командни центри и оружје под станбени згради во срцето на градот Бејрут и го загрозува цивилното население.

Би можело да ве интересира

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира