Испораките на оружје што се користи во конфликтот во Газа треба да се прекинат како дел од пошироките напори за изнаоѓање политичко решение за конфликтот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Франција не е главен снабдувач на оружје за Израел. Минатата година испорача воена опрема вредна 30 милиони евра, се вели во годишниот извештај на Министерството за одбрана за извоз на оружје.
„Мислам дека приоритет денес е да се вратиме на политичко решение и да се запре извозот на оружје што се користи во борбите во Газа. Франција не снабдува ништо“, изјави Макрон за радиото Франс Интер.
„Сега наш приоритет е да избегнеме ескалација. Либанскиот народ не смее да биде жртвуван, Либан не може да стане новата Газа“, додаде тој.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро моментално е на четиридневна посета на Блискиот Исток, која завршува во понеделник во Израел, додека Париз се обидува да влијае на закрепнувањето.