УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Од:

Управата за јавни приходи е во корелација со Министерството за финансии за најавениот проект за намалување на даноци, а кој го најави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова која денеска одговараше на новинарско прашање дали се вклучени во овои проекции истакна дека Министерството за финансии е орган кој ги креира даночните политики и од него ги очекуваат деталите, коишто потоа треба да бидат имплементирани практично од страна на УЈП.

-Значи во поглед на прилагодување на даночните пријави и системите преку коишто даночните обврзници ќе ги исполнуваат даночните обврски, вели Петрова.

Што се однесува на прашањето за состојбата со повратот на ДДВ, Петрова истакна дека секоја недела има исплати на поврат на ДДВ, но се прават и потемелни анализи, во кои се опфатени и нивото на дејност, како и на ниво на даночен обврзник, а се со цел какошто вели Петрова да бидат осигурани оти се превенираат сите ризици, кои можат да се јават во врска со повратот на ДДВ и испумпувањето на буџетски средства.

-Во овој момент се уште се справуваме со тие заостанати неодобрени побарувања за ДДВ од претходните пет години, кои изнесуваат 1,7 милјарди денари или околу една третина од вкупниот поврат на ДДВ, којшто ни е сега во процес на обработка, одобрување и реализација. Значи паралелно со тој заостанат од претходната раководна структура заостанат и неодобрен поврат на ДДВ стигнуваат и новите ДДВ пријави.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана