Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Од:

Театарската претстава „Хамлет-денот на убиствата“ работена според пиесата на Бернар -Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, учествува на Интернационален театарски фестивал во Бјалисток, Полска.

Од НУ Народен театар-Битола информираат дека по големиот успех на претставата „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад каде доби престижна награда за најдобра претстава на фестивалот, со големи амбиции учествува и на осмото издание на фестивалот “Direction east” во Полска.

Утревечер на сцената во Бјалисток ќе настапат актерите Никола Стефанов во улога на Хамлет, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли и Викторија Степановска Јанкуловска.

Во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш, стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон и Борис Пастернак.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот