Планинската спасувачка служба ПРЕНј од Босна и Херцеговина објави драматично видео од обидот да се извлече човек од остров во селото Буторовиќ Поље.
На видеото може да се види како постариот господин е пред својата куќа, додека водата беснее наоколу. Тројца спасувачи се обидуваат да дојдат до него, но бидејќи не е безбедно, му фрлаат јаже, но тука завршува видеото, па епилогот не се знае.
Големи поплави во текот на ноќта ги погодија јужните делови на Босна и Херцеговина. Двоцифрена бројка загинати, а се уште не се знае колку.
Водата влезе во станбените згради, патиштата и автомобилите се под вода, а наставата е откажана на повеќе места.