Мора и Филипче нешто да каже, вели Мицкоски за барањето на лидерот на СДСМ за затворена седница за евроинтеграциите

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе го анализира предлогот на лидерот на СДСМ Венко Филипче да свика затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес и дека бргу од денеска ќе даде конкретна позиција поврзана со овој предлог.

– Мора и Венко Филипче нешто да каже. Сега тој одбрал тоа да го каже. Во ред е, ќе го анализираме овој предлог на г. Филипче и бргу од денеска ќе дадеме конкретна позиција поврзана со овој негов предлог, изјави Мицкоски, кој заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, американската амбасадорка Анџела Агелер и генералите во Армијата, присуствуваа на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, вчера го повика премиерот Мицкоски да свика затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес. Доколку не го стори тоа, тогаш, како што кажа Филипче, СДСМ како пратеничка група во Собранието ќе иницира затворена седница на која ВМРО ДПМНЕ и целокупното владино мнозинство, треба да појаснат дали има план и каков за продолжување на евроинтеграцискиот процес.

Би можело да ве интересира

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Мицкоски: ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат ветото, Македонија има големи шанси со постепената интеграција

Пензискиот систем е стабиелн, нема да има промени, вели Мицкоски

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он