Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руската армија ја презела контролата врз градот Угледар во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), кој беше последното големо упориште на украинските вооружени сили во јужниот правец на Доњецк.
„Поради решителните дејствија на единиците на групата Восток, ослободено е гратчето Угледар во Доњецката Народна Република“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува РИА Новости.
Според извештаите, сега руските трупи ќе можат да напредуваат кон Велики Новоселка на границата со регионот Запорожје и Курахово, каде што непријателот има опремени моќни одбранбени линии.
Освен тоа, ослободувањето на Угледар целосно го обезбеди автопатот Доњецк-Мариупол и ја отстрани Волноваха од напад, додава руската агенција.
Еден ден претходно, советникот на лидерот на самопрогласената ДНР, Јан Гагин, за РИА Новости изјави дека во управата на Угљедар е поставено руско знаме. Украинскиот портал Strana.ua објави дека вооружените сили на Украина добиле наредба од командата да се повлечат од Угледар.