Во изминатиов период, се почесто македонските граѓани се мета на интернет измами или интернет грабеж, најчесто поради оставање на своите лични податоци на непроверени сајтови кои се рекламираат како интернет продавници преку социјалните мрежи.
Хакерите вршат ОТП измама преку фишинг напади: испраќаат измамнички пораки или е-пошта кои изгледаат како да се од легитимни извори, како што се банки или онлајн продавници, и ги мамат корисниците да ги споделат своите лични или финансиски информации.
„Доколку итно ви требаат пари, ова е добра вест за вас. НЛБ Банка од септември ќе дава бесплатни кредити за лица со финансиски потешкотии и лоши кредити. Кредит без камата може да се отплати на 24 рати“, пишува во објава на „Фејсбук“ и има линк „аплицирај сега“ кој ќе ги однесе корисниците на страница на која ќе им се побара да споделат лични информации и потоа хакерите успеваат да ја преземат контролата врз банкарската сметка на жртвата.
Повеќе на следниот линк