ВИДЕО: Три големи експлозии во Бејрут, либанската војска првпат пукаше на израелските сили

Од:

Три големи последователни експлозии се слушнале во Бејрут, изјавија очевидци за Ројтерс. Засега нема дополнителни информации.

Либанската армија возврати со оган врз израелските сили првпат од почетокот на конфликтот пред една година, изјави извор од либанската безбедност за Ројтерс. Армијата соопшти дека пукала кон „изворот“ на израелскиот напад врз либанската воена пункта на југ, во кој загина еден од нејзините војници.

Веста доаѓа само неколку часа откако армијата објави дека уште еден либански војник бил убиен, а друг ранет откако бил цел на израелски напад додека бил на спасувачка мисија со Црвениот крст.

Вкупно 1.974 луѓе, меѓу кои 127 деца, беа убиени во израелските напади врз Либан минатата година, изјави либанскиот министер за здравство. Околу 9.384 се повредени, додаде Фирас Абијад.

Хезболах и израелската војска разменуваа напади од минатиот октомври, но конфликтот ескалира на почетокот на оваа недела кога Израел започна копнена инвазија на Либан.

Авиокомпанијата „Емирати“ со седиште во Дубаи соопшти дека ги откажала летовите од Дубаи за Ирак, Иран и Јордан на три дена поради „регионални немири“. „Клиентите кои транзитираат низ Дубаи со крајни дестинации во Ирак, Иран и Јордан нема да бидат прифатени за патување на местото на поаѓање до дополнително известување“, се вели во соопштението.

Минатата недела Емирати ги откажа летовите меѓу Дубаи и Бејрут најмалку до 8 октомври.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа наредби за евакуација на дополнителни 25 села во јужен Либан, што сигнализираше проширување на копнениот упад во земјата. Вкупно 76 села во јужен Либан добија известувања за евакуација од ИДФ.

Портпаролот на ИДФ Авичај Адрае именуваше 25 нови села лоцирани во области кои сега се протегаат подлабоко во Либан, достигнувајќи и до 45 километри во земјата. Тој ги предупреди либанските граѓани дека „за нивна безбедност“ мора веднаш да ги евакуираат своите домови и да се преселат северно од реката Авали. „Спасете си ги животите“, додаде тој.

Во средата, ИДФ објави дека испраќа дополнителна дивизија за учество во копнената војна во Либан, повторувајќи дека кампањата е „ограничена, локализирана, насочена“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан