Од малолетничка барал да имаат сексуални односи за да ги избрише лажните профили со нејзини слики што ги направил на социјалнните мрежи, приведен маж од тетовско

Од:

Тетовската полиција вчера во 14.10 часот во село Церово, тетовско, го лишила од слобода И.С.(29) од село Церово, меѓудругото, осомничен за полово вознемирување, и злоупотреба на лични податоци.

Како што информира денеска МВР, тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите.

И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него

Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа во кумановско Черкези

Катерина Ѓуровски

Приведени двајца криумчари на мигранти од Косово

Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен