Прва реакција на врховниот лидер на Иран: „Одете си од регионот“

Од:

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска се сретна со група високи функционери во Техеран. Тој ги обвини „САД и некои европски земји“ кои „лажно тврдат дека носат мир и спокојство во регионот“ за регионалните тензии и војни.

Тој им порача да „го напуштат регионот“ за земјите од регионот да живеат во мир.

Тој рече дека е тажен поради убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, но не ја одложи средбата со високи претставници бидејќи, како што рече, „тагата на Иран е анимирачка и движечка сила“.

Наредбата за лансирање на ракетата кон Израел ја издал иранскиот врховен лидер, кој останува на безбедно место, изјави висок ирански функционер за новинската агенција Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан