СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Од:

По неколку години Општина Аеродром ја укина програмата за бесплатно пливање за учениците од прво одделение и учениците со попреченост со прво до трето одделение. На последната седница на Советот на Општина Аеродром со одлука беа скратени средствата кои беа наменети за проектот „Учиме да пливаме“. Воведен пред неколку години, овој проект претставуваше едно од малкуте реализирани ветувања на Тимчо Муцунски, велат од СДСМ.

Проектот „Учиме да пливаме“ имаше за цел да им помогне на семејствата со деца во прво одделение и деца со попреченост, преку покривање на трошоците за часови пливање, опрема, превоз и обука од сертифицирани едукатори, да придонесе кон правилниот психо-физички развој на овие деца.

Пред само 4 години, кога СДСМ управуваше со локалната самоуправа, Аеродром беше првата општина во државата што го воведе проектот за интегрирано пливање на децата со попреченост од основните училишта. Проектот во тоа време ги опфаќаше учениците од прво до трето одделение.

Благодарение на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и в.д. градоначалникот Дејан Митески, не само што не се реализираат ветените проекти од нивната програма, туку се укинуваат и добри практики од минатото.

Јавно го прашуваме в.д. градоначалникот Митески, дали причината за укинувањето на бесплатното пливање е лошата финансиска кондиција на општинскиот буџет?

Останаа нереализирани и ветувањата за спортска субвенција за млади во износ од 600 денари и стипендиите за млади таленти во износ од 30.000 денари. Повеќе од очигледно е дека ниту Муцунски, ниту Митески немаат никаков план за иднината на најмладите од општина Аеродром, коментираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови

ДКСК: Со изземање на службеното лице ќе се избегне директно или индиректно влијание врз носењето на одлуката на Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата

Незапаметен напад од мечка на жител од долненското село Секирци

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година