Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

Од:

Во израелските воздушни напади во Јемен денеска загинаа четири лица, а беа ранети повеќе од 30, откако израелската војска соопшти дека погодила цели на територијата на бунтовниците поддржани од Иран, вклучително и Ходеида.

Телевизијата Ал Масира, контролирана од Хутите, соопшти дека еден пристанишен работник и тројца инженери се убиени, а 33 се ранети според прелиминарните податоци, додавајќи дека екипите на брзата помош и спасувачите сè уште трагаат по исчезнатите лица.

Израел денеска започна напади врз цели на Хутите во Јемен, откако нивните милитанти истрелаа ракети врз Израел во изминатите два дена.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан