Веб страната thefacesoffacebook.com ги ставила сите корисници, вкупно 1,2 милијарди на една слика.
Корисниците се прикажани со обоени пиксели.
Кога ќе ја зголемите сликата ќе ги добиете лицата на сите членови на споменатата друштвена мрежа.
„Faces of Facebook“ страницата ја креирала дизајнерката Наталија Ројас. На прв поглед сликата изгледа како статична слика на телевизор на кој му недостасува ТВ сигнал.
И додека сликата се чини дека е случајна и хаотична, фотографиите на корисниците се организирани по хронолошки ред, односно онака како што луѓето се регистрирале на Фејсбук.