Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал четири гола во првото полувреме.
Палмер ги постигна сите четири гола за сините во победата од 4-2 над Брајтон во шестото коло од Премиер лигата. Англискиот репрезентативец погоди од поле во 21., 31. и 41. минута, додека во 28. минута реализираше пенал.
Со третата последователна првенствена победа, Челзи стигна до 13 бода и моментално е на третото место, пред натпреварите што ќе ги играат Ливерпул и Астон Вила, кои имаат по 12 бода од пет натпревари.