Индустриското производство во август намалено, од почетокот на годинава со раст од 1,7 проценти

Од:

Индустриското производство во август годинава забележа пад од 1,2 проценти во однос на август 2012 година, а од почетокот на годинава заклучно со август во однос на овој период лани бележи пораст од 1,7 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи пораст од 4,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи пораст кај Енергијата за 2,6 отсто и Капиталните производи за 5,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарните производи, освен енергијата за 3,1 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 15 отсто и Нетрајните производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто