ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

Од:

Како што и се очекуваше, Македонија го доживеа најголемиот пораз од времето кога прва во регионот како најуспешна држава во својот развој го отпочна процесот на приклучување кон европското семејство велат од ВМРО-НП.

– Да потсетиме дека Република Македонија уште во 2001 година прва го потпиша договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија која го навести патот кон кој доколку го задржеше приматот на најразвиена држава во Западен Балкан на наредниот самит ќе ги отворевме првите кластери на преговорите со ЕУ.

Освен што од моментов на Северна Македонија и претстои многу тежок период, загрижуваат и пораките на премиерот Мицковски во кој самиот упатува порака со „не благодарам“ кон Европската унија на коментарот дека за отпочнување на преговорите со С. Македонија е потребно почитување на одредбите од преговарачката рамка уредени со договор токму помеѓу Северна Македонија и Европската унија, а не како што велат од Владата, со Република Бугарија.

Наместо уште веднаш да се отпочне со процес на помирување и исполнување на договорените обврски помеѓу Северна Македонија и Европската унија и што побрзо отворање на првите кластери за отпочнување на преговорите, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес без притоа да реагира на последиците кои денешните генерации најмногу ќе ги почувствуваат на своја кожа, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Која гаранција ќе биде конечно доволна за Мицкоски, прашува Филипче

ВИДЕО: За Македонија нема „план Б“, да ја спроведе преговарачката рамка – порака од Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бугарскиот парламент со декларација ќе отфрли било каков „план Б“ за Македонија

Катерина Ѓуровски

Уставните измени сe прв, но не и единствен услов за преговори на Македонија со ЕУ, порача бугарскиот министер за надворешни

Софија се обидува одговорноста за неисполнетите меѓународни обврски да ја префрли на Скопје, реакции на премиерот и МНР

Катерина Ѓуровски

Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста