СДСМ бара кратење на непотребните расходи во ребалансот на Буџетот

Од:

СДСМ денеска повторно побара со ребалансот на Буџетот да се кратат непотребните буџетски расходи, а не да се зголемува буџетскиот дефицит.

Потпретседателот на партијата Ванчо Узунов на прес-конференција рече дека е манипулација   оправдувањето на Владата дека го зголемува долгот за да обезбеди пари за пензионерите.

Според СДСМ, истото може да се направи со кратење на непотребните расходи.

Осврнувајќи се на Предлог-ребалансот на Буџетот за 2013 година, Узунов праша како Владата планира да ги оствари предвидените буџетски приходи до крајот на годината и како тврди дека трошењето на предвиденото негативно буџетско салдо до крајот на годината ќе биде помало од досегашното, кога досега се потрошени над три четвртини од тоа салдо.

– Дали Владата пресметала колкаво ќе биде црвеното буџетско салдо (долгот) на крајот на годината, ако приходите се остваруваат како просекот во изминатите 8 месеци, а расходите бидат остварени согласно ребалансот? Се работи за минус што ќе изнесува речиси половина милијарда евра. Со ребалансот се планира дефицит од 310 милиони евра, што изнесува 3.9 отсто од предвидениот БДП. Ако се оствари наведеното сценарио, тогаш минусот ќе изнесува 6.3 отсто од БДП, рече Узунов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски