Наоми Кембел во центар на скандал: Трошела пари од добротворната организација на спа и цигари

Од:

На моделот Наоми Кембел и е забрането во следните пет години да ја претставува добротворната организација во која беше заштитно лице цела деценија, поради финансиска измама.

Одлуката беше донесена за период од пет години, откако истрагата на Комисијата за добротворни цели покажа дека добротворната организација „Fashion For Relief“ (Fashion For Relief) немала толку пари колку што заработувала од модни настани, кои биле организирани за добротворни цели, пишува Гардијан.

Таа организација потрошила десетици илјади евра за луксузни хотелски соби, спа третмани, цигари и лично обезбедување на манекенката, додека неовластените плаќања кои достигнуваат стотици илјади евра биле вршени на колегите на манекенката, соопшти комисијата.

Надзорниот орган повратил речиси 420.000 евра и ги уплатил на организацијата „Спасете ги децата“.

На колешката на Кембел, Бјанка Хелмих, која за две години ѝ биле исплатени речиси 350.000 евра, девет години и е забрането да застапува хуманитарни организации, а на другата колешка, Вероника Чоу, ѝ е забрането истото четири години.

„Доверителите се обврзани со закон да донесуваат одлуки кои се во најдобар интерес на нивната добротворна организација и да се усогласат со нивните законски обврски и одговорности. Нашата истрага покажа дека поверениците на оваа добротворна организација не успеале да го направат тоа“, рече помошник директорот на Комисијата за добротворни цели, Тим Хопкинс.

Би можело да ве интересира

Познатиот актер е целосно непрепознатлив, сите се прашуваат што му се случило

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фановите загрижени за Џастин Бибер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Српски Јутјубер се снимил во дувло на мечка, доби повеќе од 100.000 следачи во еден ден

Предраг Петровиќ

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ