Хезболах лансираше 45 ракети кон Израел, израелската армија продолжува со нападите врз Либан

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека Хезболах лансирала 45 ракети врз градот Акре на северот на Израел, додека израелските авиони денеска продолжиле да ги гаѓаат целите на либанската милитантна група во Либан.

ИДФ соопшти дека некои од 45-те ракети биле пресретнати од израелската противвоздушна одбрана, додека останатите паднале на отворени области и дека нема повредени.

Забележано е дека израелската војска утринава продолжува да гаѓа десетици цели на Хезболах во неколку области во Либан, вклучително и воени згради и магацини за оружје, објави „Тајмс оф Израел“.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел