Градежни работници кај Нова Градишка, при обработка на земјиште наишле на мина-експлозивна направа. Тие веднаш ја прекинале работата и ја известиле полицијата.
Полициските службеници на Нова Градишка пристигнале на местото на настанот и го обезбедувале просторот до пристигнување на специјализиран службеник за антиексплозивна заштита од Регионалната антиексплозивна единица Осиек. Со прегледот е утврдено дека се работи за авионска бомба од Втората светска војна, со димензии 115 х 34 см, со околу 250 килограми експлозив.
Експлозивната направа ќе биде уништена денеска на необработените површини на општина Врбје, на околу два километри северно од месноста Долина, на безбеден начин, соопшти полицијата.