Фицо добил писмо со куршум

Од:

Писмо со куршум упатено до словачкиот премиер Роберт Фицо пристигна денеска во словачката влада, соопшти прес-службата на Фицо.

Според извештаите, куршумот бил пронајден откако сомнителниот плик бил земен за последователна проверка на рендген, јавува словачкиот портал Плус 7 Дни.

Се додава дека писмото пристигнало од непознат испраќач.

Портпаролот на регионалната полиција во Братислава, Михал Зеиф, ја потврди веста и додаде дека полицијата го истражува случајот.

Фицо на 15 мај годинава го преживеа атентатот во кој беше тешко повреден.

Би можело да ве интересира

Фицо: Во Украина се борат нацистички трупи

Орбан: И Трамп и Фицо беа нападнати затоа што се противат на војната

Катерина Ѓуровски

Роберт Фицо пуштен на домашно лекување

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Фицо: Русија ја започна војната против Украина бидејќи „украинските неонацисти дивееја“