Фејсбук овозможува уредување на објави и коментари

Од:

Последната надградба на Фејсбук апликацијата за Андорид овозможува менување на објавите и коментарите, како и можност за прикажување на сите промени.

Фејсбук потврди дека новата опција ќе биде достапна на сите корисници на социјалната мрежа преку компјутер или Андроид уред. Опцијата се уште не е вклучена во апликацијата за иОС, но набрзо и таа ќе добие надградба.

Корисниците опцијата „Edit Post“ ќе може да ја отворат со клик во десниот горен агол на веќе направена објава или коментар.

Фејбук објавите и коментарите на кои ќе бидат правени промени ќе ги означува како веќе уредени, а на останатите корисници ќе им овозможи пристап до историјата на уредување на објавата со само еден клик.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он