Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации повика на „сојуз на човештвото“ за да се запре геноцидот што го изврши Израел во Појасот Газа, наведувајќи дека вредностите на системот на ОН и Западниот свет „умира“ во Газа.

Ердоган, исто така, ги критикуваше ОН дека не ги спроведуваат своите овластувања во последниве години и го повика Советот за безбедност да го спречи геноцидот врз палестинскиот народ во Појасот Газа и да престане со, како што рече, „угнетувањето и варварството“.

Турскиот претседател праша што чекаат ОН за да се запре мрежата на масакри што го вовлекува целиот регион на Блискиот Исток во војна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ

Четворица израелски војници загинаа во Газа