ЗНМ сo иницијатива за ослободување на Кежаровски

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ја осудува одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд во Скопје, кој по пети пат го продолжи притворот за новинарот Томислав Кежаровски, обвинет за откривање на идентитет на заштитен сведок.

До министерот за правда Блерим Беџети, стои во соопштението, ЗНМ упати иницијатива за ослободување од гонење на новинарот Кежаровски, врз основа на член 84 од Уставот на Република Македонија и член 1-а и член 3.

znm

– Постојаното продолжување на притворот повеќе не служи за непречено водење на судската постапка, туку прераснува во казна. Оваа одлука на некој начин ја навестува конечната пресуда, со што се крши основното начело во една правна држава дека секој е невин додека не се докаже спротивното, се посочува во соопштението и се додава оти е   нејасно зошто судот е убеден дека притворот е нужен, кога на располагање има и други поблаги мерки за обезбедување на присуство, како што се куќен притвор, забрана за напуштање на живеалиште, обврска на обвинетиот да се јави повремено на одредено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на пасош и друго.

Кежаровски, се подвлекува меѓу другото, ги исполнува условите да се брани од слобода.

Од ЗНМ потсетуваат дека на 2-ри септември до Министерството за правда имаат доставено иницијатива за ослободување од гонење на новинарот Кежаровски, за која се уште нема одговор.

– Го охрабруваме Министерството за правда сериозно да ја разгледа нашата иницијатива бидејќи со тоа власта ќе покаже дека со посебна чувствителност постапува кон прашања поврзани со слободата на изразувањето, се вели во соопштението од ЗНМ.

Новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски беше притворен во мај годинава под обвинение дека во 2008 година објавил текст во магазинот „Репортер 92“ со кој го открива идентитетот на заштитен сведок во случај за убиство.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје