Опожарени два автомобила во Скопје, еден оштетен од заталкан куршум

Од:

Патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т.(49) од Скопје, утрово било опожарено на паркинг на подрачјето на Центар.

Како што информира МВР, случајот бил пријавен утрово, во 5:50 часот, во СВР Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј. од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Во вториот случај, пак, М.Л.(37) од Скопје вчера, во 15 часот, пријавил во полиција дека неговото патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје. Возилото било паркирано во двор на фирма на подрачјето на Чаир. МВР информира дека бил извршен увид и зрното било подигнато за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок