„Денеска зедов слободен ден од работа, денес сум решила да абортирам, доаѓам од село и не можам да доаѓам повторно“, изјавила жена од село која решила да абортира во државна болница.
Таа морала да помине низ истиот стрес, да отиде кај матичниот доктор, да се враќа во болница да чека од 3 до 5 дена, бидејќи 3-тиот ден се погодил во сабота, а дури потоа следува денот кога ќе ја прекине бременоста. Ваков проблем немаат жените кои одлучуваат да абортираат на приватна клиника. Тие заминуваат да абортираат на места каде нема да чекаат 3 дена.
Ова се само дел од негативните ефекти, кои ги споделија пред јавноста ХЕРА заедно со Реактор, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата за заштита на сексуалните права на маргинализираните заедници, кои денеска покренаа постапка за оценување на уставноста на новиот закон за абортус.
Во интервјуата направени со гинеколози во врска со новиот Закон, докторите го оценуваат како агресивен и непрактичен и секоја буква може да се чита и толкува различно.
Според нив, нема да се намали бројот на несакани бремености, тие се несакани и ќе се прекинат на овој или оној начин.
Со овој закон, секогаш може да те казнат или да ја притиснат клиентката. Прекин на бременост не е лесна работа, го одолговлекуваме само стресот, го комплицираме живот на клиентките и нас докторите. Ова не е ефикасен начин за намалување на бројот на абортуси, сметаат гинеколозите.
Истражувањето покажува дека иако медицинските установи и лекарите имаат наредба да го применуваат законот, не постојат официјални прописи за спроведување. Во некои институции советува гинекологот, во некои тим на психолози и социјални работници. ако нема официјален акт за советување, сепак се даваат вербални насоки да се потенцираат негативните ефекти од прекинот на бременоста. Во однос на задолжителното советување, кое го предвидува новиот закон, иако нема официјален акт за советување, сепак се даваат вербални насоки да се потенцираат негативните ефекти од прекинот на бременоста.
Резултатите покажуваат дека во некои институции советува гинекологот, во некои тим на психолози и социјални работници.
Според Неда Коруновска од „Реактор“, жената според новиот Закон се одвратува од абортус и е принудена да абортира кога не сака, а советувањето покрај тоа што е задолжително, е и пристрасно.
„Советувањето се однесува исклучиво на предностите на бременоста и се налага во која насока треба да се размислува“, изјави Коруновска.
Петар Клинчарски