По петте земјотреси за 10 минути, на Халкидики и шести земјотрес

Од:

По серијата земјотреси, кои го погодија Халкидики нешто пред 11 часот, е регистриран нов земјотрес со јачина од 4,8 степени. Земјотресот бил во близина на Неа Рода во близина на Света Гора, но тлото се тресело до Сарти, Амулани, Јерисос и други популарни одморалишта.

Пењтходно, серија земјотреси го потресоа Халкидики околу 10:40 часот.

Дури пет земјотреси се регистрирани на подрачјето на Халкидики за десет минути, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Претходно од нив, беше регистриран земјотрес со јачина од 2,4 степени, а по посилен удар следеа серија земјотреси од кои најсилниот беше 2,8 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на 19 километри југоисточно од Неа Рода.

Беше кратко, но силно, почувствувавме земјотрес на Света Гора“, велат граѓаните за ЕМСЦ.

Навистина добро се тресеше на плажата“, напишаа луѓето.

Нема информации за материјална штета.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле