Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

Од:

Стево Пендаровски ги излажа граѓаните кога глумеше скромност дека не сака да отвора канцеларија на Претседателот, туку истото ќе го направи некогаш во иднина.

Имено на 14 мај, кабинетот на Пендаровски за медиумите го даде следниот одговор на тоа што се неговите планови:

„Во однос на административната и логистичка поддршка која му е потребна за средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции претседателот Пендаровски побара од државните институции повремено да користи канцеларија, но, бидејќи таква пракса и законски основ не постои, Пендаровски во иднина ќе го искористи правото да отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во Кабинетот, ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности на поранешниот претседател“, рече на рес конференција Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Стево Пендаровски и неговиот кабинет излажаа. Само еден ден откако е даден овој став за медиумите, односно на 15.05, според нашите информации Пендаровски побарал да му се одобри користење на канцелариски простор, службено возило и возач.

За Пендаровски таа иднина очигледно е еден ден откако кажал дека во иднина некогаш ќе отвори канцеларија.

Не го разбираме лицемерието на Пендаровски, кога очигледно е дека намерата му била да земе канцеларија веднаш, а за тоа доказ е и дека веќе на 3 јуни нашол канцеларија и договорил и цена за закуп.

Стево Пендаровски не се променил никогаш, неговите ставови не држат ниту еден ден, рече Јаревски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јаревски: Пендаровски кога глумеше скромен рече дека ќе ангажира тројца вработени, за потоа да бара средства за четворица

(ВИДЕО) Јаревски: Се уште очекуваме одговорност за Пајазити, институциите треба да постапат и тој да биде разрешен

(ВИДЕО) Јаревски: Пајазити не смее да биде судија, тој ја извалка судската позиција и мора да биде разрешен

(ВИДЕО) Јаревски: Пајазит Пајазит не смее да продолжи да биде судија

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ повторно го актуелизира случајот „хациендата на Петровска“: Си пукате во нога одговори екс министерката

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа