Српскиот јутјубер Стефан Јанковиќ сними блиска средба со мечка, а поради тоа видео за само еден ден го заследија 100.000 луѓе од целиот свет.
Имено, Стефан прво објави видео на кое е во дувло додека пред влезот во него стои мечка.
“На работ од мојот живот. Нема да верувате што ми се случи. Поминувам 24 часа во шума и ме напаѓа мечка. Односно не ме нападна, туку ме чека. Има уште една“, драматично раскажува Јанко, а се снимил и на дрво додека долу шетаат мечки. Видеата за само неколку дена собраа милиони прегледи. За само еден ден го заследија повеќе од 100.000 луѓе.
Но, ситуацијата е многу помалку драматична од онаа што ја претстави Јанковиќ.
Јутјуберот поминал 24 часа со мечки кои се навикнати на луѓе и посетители на туристичка локација. Во едно од видеата сними мечка како јаде од неговата уста.
„Никој не веруваше дека човек може да биде пријател со мечка“, рече тој.