Фестивалот „Охридско лето“ најуспешен туристички настан за 2013 година

Од:

Министерството за економија го прогласи Фестивалот „Охридско лето“ за најуспешен туристички настан во 2013 година. На денешната свеченост одржана по повод Светскиот ден на туризмот – 27 септември, признанитето и беше врачено на директорката на најреномираната музичко-сценска манифестација во земјата, Елизабета Јанкуловска.

– Навистина сме благодарни, но и почестени што го добивме ова признание кое ги потврдува нашите заложби, културата да биде еден од главните чинители во развојот на туризмот. „Охридско лето“ е наш најголем културен бренд,  еден од главните чинители на музичката култура на земјава, промотор на националното музичко творештво и амбасадор на македонската музичка уметност во светот. Но исто така Охридско лето е и најголем туристички настан кој покрај бројните уметници, над илјада кои секоја година настапуваат на фестивалската сцена, привлекува и бројни гости, туристи кои доаѓаат токму да ги слушнат големите светски ѕвезди и да ги видат најдобрите театарски претстави, изјави Јанкуловска, изразувајќи благодарност на целиот тим на фестивалот за посветеноста на сите поединци во насока на продолжување на успешната 53-годишна фестивалска традиција која „Охридско лето“ го издигна на самиот врв на светската уметничка сцена.

Меѓу најдобро реализираните настани за 2013 година беа прогласени и Струмичкиот карневал и манифестацијата „Сите заедно за сите поубаво“.

На свеченоста беа доделени и плакети на најуспешните туристички агенции, кои донеле најмногу странски туристи во Македонија, како и на најуспешните хотели. Признанија за привлекувањето најголем број странски туристи во земјата им беа доделени на агенциите „Македонија Травел“, „Атлас корпорејшн“ и „Ита компани“ сите од Скопје, додека за најдобри хотели се прогласени „Аурора“ од Берово, „Супер 8“ од Скопје и „Гранит“ од Охрид.

Според информациите од Министерството за економија, приливот на туристи и бројот остварени ноќевања постојано се зголемува. За првите седум месеци од оваа година реализирано е зголемување на бројот на туристите за 2,8 отсто, најмногу во бројот странски туристи каде зголемувањето изнесува 11,4 проценти. Притоа девизниот прилив од туристичката дејност е зголемена за 12,5 отсто.

Пораст бележи и стапката на вработувања во туризмот, и тоа од година во година. Во 2011 година учеството на лицата вработени во секторот туризам и угостителство во однос на вкупниот број вработени изнесувал 2,82%, за минатата година тој да забележи пораст од 11,3 проценти, додека стапката на пораст во текот на 2013 година изнесува 35,3 отсто, со вкупен број од 24.857 лица вработени во објектите за сместување и сервисни дејности за храна.

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје