(ВИДЕО) Ѕвездата на OnlyFans направи хаос на митингот на Трамп: На сите им ги покажа голите гради

Од:

Манекенка на OnlyFans беше исфрлена од митингот на Доналд Трамп во Њујорк, откако му ги покажа градите на кандидатот за американски претседател.

Ава Луиз (26) беше изведена надвор од Колосеумот Насау на Лонг Ајленд откако го соблече горниот дел и ги разголи градите пред Трамп и неговата толпа од 16.000 луѓе.

Облечена во капа со натпис „МАГА“, таа отскокнуваше горе-долу на седиштата, надевајќи се дека ќе го привлече вниманието на 78-годишниот републикански кандидат, пишува „Дејли мејл“.

Инфлуенсерката рече дека нејзиниот потег е дел од кампањата за собирање средства наречена „гради за Трамп“.

Возрасната забавувачка рече дека заработува над 100.000 долари месечно на OnlyFans и често донира во кампањата на Трамп од тие приходи.

Откако беше исфрлена од салата во Лонг Ајленд оваа недела, Ава објави видео на кое е испрашувана од локалната полиција и Тајната служба, при што еден од агентите се слуша како и вели дека има „одличен пар“.

Друг агент дури кимна со главата на момчето на Ава, велејќи: „Добра работа, брат“.

Сепак, таа за New York Post изјави дека нејзиниот потег налутил некои полицајци, додавајќи дека тие се обиделе да ја обвинат за инцидентот.

По тој провокативен потег, таа донираше повеќе пари за кампањата на Трамп поради „кавгата“ што ја предизвика.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Панама му порача на Трамп: Панамскиот канал е наш и така ќе остане

Трамп му порачал на Зеленски да размислува за отстапување на териториите кои се под контрола на Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп вели дека САД би можеле да побараат од Панама да го предаде Панамскиот канал

Познат идентитетот на напаѓачот на пазарот: Газеше луѓе 400 метри

Предраг Петровиќ

Шефот на украинската армија нареди повлекување

Америка се соочува со целосна парализа неколку дена пред Божиќ

Катерина Ѓуровски