ВИДЕО: Литија низ Скопје со чудотворната икона на Богородица Трирачица донесена од Света Гора

Од:

Пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица” во Скопје попладнево свечено беше пречекана Богородичната икона Трирачица од светогорскиот манастир Хиландар. Иконата ја пречекаа Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и голем број свештени лица и верници. По вечерната богослужба се одржи литија низ центарот на Скопје на која се приклучија голем број на верници.

Се работи за копија од чудотворната икона која е подарок за Скопје, а ја донесоа свештеномонасите Агатон, Атанасиј и Иринеј од Скопската епархија, кои со благослов на поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија. г.г. Стефан, престојуваа во светогорскиот манастир Хиландар. Тие денеска претпладне во придружба на хиландарскиот игумен, архимандрит Методиј, со дел од манастирското братството, тргнаа со иконата од Света Гора.

Пречекот на иконата Трирачица е во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица.

Во храмот „Рождество на Пресвета Богородица” во Скопје утре ќе се отслужи света архијерејска Литургија, на која ќе началствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан , во сослужение на архијереи и свештенослужители на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија и гости.

„Ние, како редовни гости на манастирот Хиландар на Света Гора, благодарение на нашето братско здружение Мир, слога и стабилност, ги повикуваме сите верници заедно да го прославиме овој голем православен чин и да се молиме за здравје, љубов, среќа, мир, слога и единство, беше повикот до верниците пред три дена од здружението.

Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно римско царство се појави ереста на иконоборството, тогаш светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони.

Очекуваното знамение се случи во XIII век, кога во лаврата дојде свети Сава, првиот Српски архиепископ, и при неговото доаѓање се придвижи игуменскиот стап на светиот Сава Освештен. Така, свети Сава во Србија ги донесе двете икони и игуменскиот стап. Од тогаш иконата Трирачица се чуваше во дворецот на Српските владетели.

Кога Српскиот цар Душан беше крунисан во Скопје, се смета дека и иконата Трирачица беше донесена во Скопје, каде што остана до крајот на XIV век, кога беше пренесена во манастирот Студеница, во централна Србија.

Во XV век, овој манастир стана мета на нападите на турските освојувачи, па монасите се решија оваа икона да ја заштитат со тоа што ќе ја препуштат на Божјата волја. Ја ставија на едно магаре и го оставија само да оди. Магарето го помина целиот пат преку Србија и Македонија и стигна до Света Гора, пред манастирот Хиландар. Хиландарските монаси со радост ја дочекаа иконата и свечено ја внесоа во манастирскиот соборен храм на Воведението Богородично.

Не се знае каде точно се наоѓала иконата кога била во Скопје. Истражувачите се согласуваат дека била во црква посветена на Пресвета Богородица, а некои таа црква ја именуваат како „Пресвета Богородица – Трирачица“. Каде точно се наоѓала таа црква, не е познато. Постојат повеќе теории: една – дека црквата била на самото Кале, втората – дека била помеѓу калето и реката Серава, некаде во денешната чаршија, третата – дека била токму на местото каде што денес се наоѓа храмот „Рождество Богородично“, а не е исклучено храмот да бил на сосема четврто место. Но, она што е сигурно е дека тој храм бил соборен храм на градот Скопје и дека Пречистата Богородица се сметала заштитничка на градот.

Споменот на иконата Богородица Трирачица се празнува на 12 јули (по стар стил), односно на 25 јули (по нов календар).

Би можело да ве интересира

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

За излез од државата преку „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ се чека повеќе од еден час

На „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ за излез од државата се чека од 40 минути до еден час

ВИДЕО: Криумчарел 15 Кинези во камионот, Босанец уапсен на „Богородица“

ВИДЕО: На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека околу 30 минути

ВИДЕО: Колони и гужви на Табановце-Прешево, се чека и на Богородица

Катерина Ѓуровски