(ВИДЕО) Обвинетите за смртта на Вања и Панче седнаа на обвинителна клупа

Од:

Денеска во Кривичниот суд во Скопје започна судскиот процес против обвинетите за смртта на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Претходно Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Основниот кривичен суд ги одобри во целост обвиненијата и на барање на Обвинителството денеска донесе одлука да ги спои во една постапка во која покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано „Рудник“ во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри.

На 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата „Наум Наумовски Борче“ во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото викано „Дупки“, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин, со умисла ја убиле Вања.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Би можело да ве интересира

Туфегџиќ: Таткото на Вања е жртва во постапката, нема дејствија на извршување, ниту доказ

Предраг Петровиќ

Палевски: Јас не го познавам Александар, тој е наместен од полиција за да се изготви лажен мотив

„Не сме виновни“ рекоа обвинетите за смртта на Вања и Панче

(ВИДЕО) Мајката на Вања Ѓорчевска бараше исклучување на јавноста, судот го одби барањето

Започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одложено е судењето за убиството на Вања и Панче

Горан Наумовски