(ВИДЕО) Мециновиќ: Треба да се опипа пулсот на младите за да не се донесуваат бирократски решенија

Од:

Обраќање на пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, по однос на Законот за младинско учество и младински политики на денешната јавна дебата на Клубот за младински прашања и политики.

„Кога не се опипува пулсот на младите, а тој пулс може да се опипа преку вашите организации, тогаш може да се донесат и бирократски, сувопарни решенија. Ние сме првите два пратеника од Левица кои учествуваат во овој клуб и честа е неизмерна. Ова се ретките тела во Собранието каде што може да се дојде до натпартиски концензус.

Како млади пратеници, вам ви даваме политичка волја да се донесат концензуално овие измени брзо. Клубот треба да продолжи таму каде што застанал претходниот клуб, за да има континуитет во работата. Младите треба да се интересираат за сè – ние како млади пратеници се поистоветуваме со вас – на иста линија сме.

Генерално, проблемите кои пред 12 години ги разговаравме ние во младинските организации и денес се разговараат. Тоа е индикатор дека ништо не се поместува.

Жално е, тинејџер пред 12 години и тинејџер денес, истите проблеми да ги живее. Прстот не треба да се посочи ниту на организациите, ниту на ништо друго, ако не на самите пратеници и на Владата. Државата има одговорност да ги решава проблемите на граѓаните, а не бесконечно да прави јавни расправи со вас, младите. Добра е инволвираноста, но треба да се видат и резултатите. Се надевам дека многу брзо и многу повеќе ќе придонесеме од претходните состави на Клубот”, рече Мецонивиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски

Левица предлага закон за двојно зголемување на износот за поврат на ДДВ по физичко лице

Левица: Куќниот притвор на Груби прв резултат на обвинителството раководено од кадри на ДПМНЕ

Горан Наумовски