Средба на Организацијата за забрана на хемиското оружје посветена на уништувањето на сирискиот арсенал

Од:

Извршниот одбор на Организацијата за забрана на хемиското оружје ќе се состане вечерва во 22 часот, со цел да разговара за уништувањето на сириското хемиско оружје.

Се очекува вечерва Извршниот одбор на Организиацијата, која вклучува 41 земја, да го договори конечниот план за уништување на оружјето, што се подготвува речиси две недели зад затворени врати. Дискусиите течат паралелно со преговорите во Њујорк за текстот на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за уништување на хемиското оружје на режимот во Дамаск.

Синоќа, петте постојани земји-членки на Советот за бебзедност на ОН постигнаа договор за текстот на овој документ. Предлог-резолуцијата предвидува можност Советот за безбедност на ОН да воведе санкции кон Дамаск доколку планот за хемско разоружување не биде почитуван.

Организацијата за забрана на хемиското оружје треба да даде зелено светло за планот, договорен на 14 септември во Женева меѓу Русија и САД, пред да биде се одржи гласањето по предлог-резолуцијата во ОН во Советот за безбедност.

Министрите на САД, Франција, Велика Британија, Русија и Кина се очекува да се сретнат вечерва во Њујорк со Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и неговиот специјален претставник во Сирија Лахдар Брахими.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија