ФОТО: „Јувентус“ повторно го освои „Сокол“

Од:

Екипата на скопски „Јувентус“ го повтори ланскиот успех, освојувајќи го повторно традиционалниот 16. турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол 2013“. Во крајно неизвесен меч полн со пресврти, вчеравечер за нијанса тие се покажаа како подобар противник, совладувајќи ги своите ривали, екипата „Барселона“ од Скопје со резултат 3:2.

Финалниот меч со погодок во мрежата, прва го отвори екипата на „Јувентус“.  Но, за кратко време, противничкиот тим направи целосен пресврт, најпрво постигнувајќи израмнувачки гол, а пет минути подоцна постигна и погодок за водство. Во второто полувреме, црно-белите успеаја да се вратат во игра со израмнувачкиот гол, кој им донесе извесна самодоверба. Пред самиот крај на натпреварот, судијата досуди пенал во корист на „Јувентус“, кој фудбалерите успешно го реализираа, со што се најдоа на чекор до првото место. Но, за неполна минута, судијата покажа на белата точка во корист на фудбалерите на „Барселона“. Очи в очи со голманот на „Јувентус“,  фудбалерот на „Барселона“ не успеа да го надмудри  противничкиот чувар на мрежата и на тој начин  пропушти вистинска шанса да го одведе мечот во неизвесност.

sokol-karpos-natpr (2)

Квалитетен, но далеку поизвесен беше дуелот за третото место меѓу екипите на кумановски „Дали пом“ и скопски „Партнер дизајн“, во кој кумановци ги совладаа своите соперници со 5:1.

Овој турнир во мал фудбал преминува во елитно натпреварување на кое единствено недостигаше слободно место на преполните трибини. Шеснаесеттото издание на „Сокол“ ќе биде запомнатo по беспрекорната организација на „Карпош фудбал клуб“ (КФЦ), несебичната поддршка на Општина Карпош, хуманоста и фер играта. Во рамките на оваа спортска манифестација присуствуваа фудбалските ветерани, некогашните спортски асови на ФК „Вардар“ кои му го отворија патот до центарот на игралиштето на незаборавната легенда на македонскиот фудбал, големиот Кирил Дојчиновски. Во оваа пригода, тие му врачија плакета за животно дело и посебни достигнувања во македонскиот фудбал.

sokol-karpos-natpr (3)

За најдобрите три екипи, освен вредносни ваучери од ТЦЦ „Плаза“ и спортска опрема од „Орка спорт“, Општина Карпош обезбеди вредни парични награди, во чие има лично им ги врачи првиот човек на Општината, господин Стевчо Јакимовски. Првопласираната екипа доби ваучер во вредност од 300.000 денари, второпласираната освои 120.000 денари, додека третопласираната екипа си замина со 60.000 денари.

За најдобар голман на турнирот беше прогласен Емил Ацевски од екипата на ,,Партнер дизајн“ кој доби вредносен ваучер од ТЦЦ „Плаза“ и спортска опрема од „Орка спорт“. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Драган Петровиќ од екипата на „Дали пом“, кој освен ваучерот и спортската опрема, освои стипендија од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, во вредност од 5.000 евра за студирање на еден од нивните факултети.

sokol-karpos-natpr (4)

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира