(ВИДЕО) Кузеска: Срамно понижување на државата и дипломатски дебакл на Сиљановска-Давкова во Бугарија

Од:

Македонската делегација на чело со Гордана Сиљановска Давкова, вчера во Софија доживеа дипломатски дебакл, а нашата држава досега невидено понижување и срам на меѓународна политичка сцена. Сиљановска Давкова и придружните министри во Софија беа пречекани како претставници на некои локални бугарски клубови или општински институции, а не како меѓународни високи претставници на држава членка на НАТО и важен партнер на Бугарија, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

-Сиљановска Давкова се согласила на средба без да се истакне македонското знаме, избра да праќа соопштенија до јавноста без користење на државното уставно, се согласила на средба без заеднички изјави за медиумите. Ова е огромен срам. Сиљановска оттаму се враќа без никаква конкретна порака или договор. Прашањето е зошто ја плаќаат граѓаните Гордана, за да гледа опери и ужива? Малку ли и беа три месеци на одмор во Охрид летово во вилата?

Ја прашуваме Гордата Гордана и нејзиниот шеф Мицкоски, која држава ја претставуваа во Бугарија и со кои симболи? Каде се изгуби државното име и во него Македонија – за чие меѓународно признавање се бореа генерации? Каде се изгуби ветената и неостварена гордост? Дали сликањето до бугарското знаме значи дека ја претставува Бугарија? Владата на Мицкоски и Сиљановска не се ни свесни за тоа во која мера се изиграни и понижени. Нив воопшто и не ги третираат како државници. Самата Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ се согласиле однапред на приватен и понижувачки третман во Софија. Импровизација и наивност е надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска. Со вакви политики, Македонија ниту е горда, Гордана уште помалку е горда, а граѓаните и државата ќе трпат понижувања секој ден – истакна Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево